Нови наслови :
Showing posts with label Совети. Show all posts
Showing posts with label Совети. Show all posts

Стратегии (I дел)

Friday, November 16, 2012


Во оваа статија сакам да споделам со вас неколку совети кои се надевам дека ќе влијаат на вашиот паричник и ќе ви бидат од голема корист при обложувањето во спортските обложувалници:


Соодветно распоредување на пари 

На сите ни се има случено да изгубиме чувство за тоа колкави се нашите можности кога ќе застанеме на шалтерот на обложувалницата , и вложуваме повеќе пари одколку што тикетот 'заслужува' да биде уплатен. Затоа најдобро е тикетите да ги пишувате дома , и сумата која сакате да ја вложите да ја напишете под паровите. Исто така , најдобро е да уплаќате иста сума на пари секој ден , а не таа да варира , посебно не треба да има голема разлика помеѓу сумата што сте ја уплатиле вчера и таа што сте ја уплатиле денес.


Не додавајте парови откако ќе го напишете тикетот
Во овој случај вашиот тикет најверојатно е дека нема да биде добитен . Поради желба за поголема добивка ја загрозувате сигурноста на вашиот тикет за повеќе од 50%. Да се надевате на добивка со лошо разгледан пар е исто како да сте додале уште 5 убаво анализирани натпревари на тикетот.

Бидете обложувач со низок ризик
Не уплаќајте на големи суми кои неможете да си ги дозволите , а во никој случај немојте да се задолжувате за обложување затоа што и најголемите стручњаци грешат.

Никогаш не се потпирајте на коефициентите
Најчесто на некои од пониските странски лиги , клубови за кои прв пат гледате дека постојат не ја сваќајте буквално големината на коефициентите. Постојат букмејкерски стапици на кои многумина од нас обложувачите барем еднаш имаат наседнато. Ако имате информација дека поголема група на луѓе имаат играно на еден тип , тој е највеќе форсиран во денот и без разлика на коефициентот пожелно е да го избегнете.

Лесна добивка со АЗИСКИ ХЕНДИКЕП
Азиски Хендикеп е тип на игра во кои вие типувате на победа на домаќинот или на гостинот (на 1 или на 2) , во случај на нерешен резултат ви се пресметува коефизиент 1.00. Разликата помеѓу ДВОЈНА ШАНСА и А.Х. е што Азискиот Хендикеп ви дава поголем коефициент за победа на домаќин или гостин. Доколку промашите повеќе парови добивката нема да биде голема но ќе ви бидат пресметани добитните коефициенти.

Игра на голови
Ако сакате да стигнете до добивка играјќи ја оваа игра , потребно е да потрошите неколку часа во анализирање на составите на тимовите . повредени играчи , гол разлики , статистики итн. Кога играте на голови најчесто употребувајте го типот: 3+ (над 2.5 голови).

Исплатлива игра: X-1 или X-2
Најпожелно на оваа игра е да се типува на  фаворитите , но со одредена сигурност дека противничкиот тим нема да 'падне' во првото полувреме. Коефициентите се движат од 4.5 до 6.00 . Добро е да се изберат 4 такви натпревари и да се игра со минимална уплата со од 30 до 60 МКД.



СЕ НАДЕВАМ ДЕКА ВИ ПОМОГНАВ ПРИ СОСТАВУВАЊЕТО НА ВАШИОТ ТИКЕТ , ВИ ПОСАКУВАМ МНОГУ ДОБИВКИ . ЗА КРАТКО ВРЕМЕ ОЧЕКУВАЈТЕ НОВИ СОВЕТИ. ДОКОЛКУ ВИ СЕ ДОПАДНАА СЛЕДЕТЕ НЕ' НА FACEBOOK :

Основни совети

Долгогодишното искуство во обложувањето и секако големата упорност да се стигне до тактики кои ја зголемуваат можноста за добивка, доведуваат до контакт со многу обложувачи , магазини, книги, прирачници, сајтови, контакти и што ли уште не , а така е создаден и овој блог од кој ќе можете да научите за светски познатите стратегии кои се користат и кои го зголемуваат процентот на веројатност за добивка. Но, тоа што е најважно , и што ќе Ви биде препорачано во идните содржини на овој блог е тоа да секогаш на прво место Ви биде приватниот живот (семејството , пријателите )  и професионалниот живот ( школувањето, работата или бизнисот), бидејќи овие начела, стратегии и начини на играње не се волшебни `стапчиња ` за богатење       ( такви никој не открил ) , ниту се сигурен пат до успехот , но тие се само тактички начин за сите обложувачи , со што се овозможува повисок процент на веројатност за добивка , и секако контролирано обложување со можност за задоволство и забава во него. Никогаш не се опседнувајте со обложувањето , бидејќи потребата за обложување од навика е најлошото нешто што може да ви се случи, и покрај тоа што многу добро знаеме дека е навистина голема `адреналинска ` возбуда и забава. Бидете дисциплинирани во користењето на било која стратегија што ќе ја одберете и на тој начин претворете го обложувањето во уживање , релаксација и евентуален профит, па макар тој профит бил и 1000 денари месечно. Да, точно така, нема нагло богатење преку ноќ, тоа е еден од најважните моменти што треба да ги усвоите и примените. Отфрлете ги фантазиите за големи добивки
Поради тие фантазии , обложувањето е еден од најголемите бизниси во целиот свет.

Како вовед за оваа страна , најнапред одговорете си ги прашањата : Каково е Вашето размислување, има ли стратегија во начинот на кој е осмислено обложувањето? Сите тие
бројки, коефициенти, видови на обложување... сте размислувале ли некогаш подлабоко? Еве едно просто прашање: Зоѓто нема ситуација во која на еден натпревар, сите три типа ( 1,Х и2 ) би биле со коефициент 3,00 или поголем ? Добро... прашањата се наивни. Секако, сите знаеме дека има огромна стратегија во бројките. Но... како може да се спротивставиме на стратешки поставените бројки во билтените ? Одговорот е со против стратегија.
Сепак, покрај математичките стратегии, една од најважните работи за секој потенцијален успешен обложувач е карактерот, односно дисциплината и принципиелноста во користењето на однапред одбраната стратегија. Всушност, Ви се случило ли после некое промашено ливче да ` трчате` до најблиската обложуважчница за да пробате да го повратите губитокот на вложени пари од претходното ливче? Ви се случило ли да се изнервирате од промашените парови, и неконтролирано  ( недисциплинирано ) без стратегија да вложувате во нови ливчиња? А имате ли стратегија? Дали некогаш имате чувство како да не знаете да одберете на која игра да се обложите, каков систем или тактика да направите, какви услови да се одберат, колку ли парови ќе Ве извисат? Имате ли некој определен месечен или годишен буџет на пари за обложување? Или едноставно, само се обложувате, по инерција, по навика? Добро доста е со прашања, сигурно е дека оваа страна ќе ви биде повеќе од корисна .

Тука ќе ви бидат претставени 12 различни стратегии кои се користат и кои може да ви послужат како насока во обложувањето. А откога ќе ги изложиме сите ќе играме заедно со вас, т.е. ќе ви даваме наши предлози за пртстојните натпревари. Основното е дека секој треба да си одбере своја стратегија на обложување. Но... заедниќко и од голема важност е дека секој треба да развие степен на психолошка стабилност во обложувањето што се темели на дисциплина, принципиелност, истрајност во своите стратегии, кои особини пак, најчесто водат до профит, а секако во најмала рака го сведуваат ризикот за губење на пари на минимум. Доколку дозволите нервозата да ве надвладее и почнете неконтролирано да се обложувате, на пат сте да си го губите времето и парите.

Преку советите од оваа страна би требало да го развиете чувството на дисциплина, принципиелност и стратегија, и секако да забележите дека профитот ( каков и да е ) не би требало да изостане. И покрај тоа што добро е познато дека во обложувањето нема ништо сигурно, овие стратегии навистина го зголемуваат процентот на можност за добивка. Па почнуваме...

Совети за одговорно обложување


Совети за одговорно обложување 


  Најголемиот број на играчи на спортското обложување, казина и останати игри на среќа играат умерено, во смисла на забава. Меѓутоа, шаблонското однесување при одредени човечки навики (како што е пазарење, спортување, прекумерно јадење, пиење алкохол итн. за некои луѓе може да стане проблем. Од тие причини, и постојаното учество во игрите на среќа кај одредена мала група на луѓе може да води до голем проблем, т.н. зависност од обложување.

  За таа цел, како најдобра можна поддршка, ние се грижиме за нашите клиенти со препораки за „Одговорно играње и обложување”, и упатување на совети од меѓународни институции.

Самоконтролата е најдобра форма на превенција од зависност!
www.sportlife.com.mk се базира на принципите дека конечната одлука и одговорноста за обемот на обложувањето и сумите на уплата би требало да лежи кај самиот играч.

Ви нудиме и основни правила и совети за одговорно уживање во обложувањето. Со следење на овие правила, Вие ќе бидете во можност да уживате во обложувањето, без тоа да ви создава никакви непријатности:


  • Играј само кога си опуштен и концентриран.
  • Паузирај одвреме-навреме.
  • Одреди го својот месечен буџет за обложување однапред. Сето ова можете да го поставите на нашата интернет страница.
  • Подоцна, не ја зголемувајте максималната граница која претходно сте ја одлучиле за себе и вашето обложување.
  • Пред да почнете да се обложувате, одлучете ја сумата на евентуална добивка по која ќе го прекинете обложувањето.
  • Претходно одлучете колку максимално може да биде вашата евентуална загуба.
  • Никогаш не се обложувајте под дејство на медикаменти или алкохол.
  • Никогаш не се обложувајте кога се чувствувате депримирано.


Што е проблематична навика при обложување?


  Проблематична навика при обложување се дефинира како навика која ја поткопува егзистенцијата, работата, финансиската состојба или здравјето на една индивидуа, односно неговото семејство. Ова значи дека постојаното и долгорочно обложување не е соодветно ниту препорачливо во однесувањето на една личност и може да има негативни последици.
  Патолошкото обложување е препознаено и забележано како болест уште од далечната 1980 година. 




Кога навиката за обложување треба да се прифати како проблематична или како зависност?

    Дијагностицирањето на проблематичните навики при обложување може да биде направено само од соодветни обучени специјалисти. Сепак, на оваа страница можете да најдете совети и тестови кои ќе ви овозможат да го процените своето лично однесување и обложувачки навики.


  Најголемата опасност лежи во фактот дека е лесно да се премине тенката граница помеѓу уживање и зависност при обложувањето. Сепак, постојат одредени сигнали на предупредување кои можат да најават дека постои проблем. Доколку најмалку пет од долунаведените карактеристики можат да се препознаат, тогаш значи дека веќе има сериозен проблем со зависност од обложување.

  1. Играчот е длабоко навлезен во игри на среќа со шанси за добивка. Тие шанси постојано потсвесно влечат и го тераат да игра повторно.
  2. Висините на облозите стануваат сè поголеми и поголеми.
  3. Обидите играчот да се контролира односно откаже од понатамошно обложување се неуспешни.
  4. Играчот станува нервозен и фрустриран после обидот да се намали обемот на обложувањето.
  5. Обложувањето и коцкањето се смета како излез од проблемите во реалноста.
  6. Играчот се обидува да се поврати од загубата, повторно и повторно.
  7. Лаже за својата навика за обложување
  8. Дејствува нелегално.
  9. Со своето однесување ги губи своите пријатели или работата.
  10. Се потпира на други луѓе кои парично би му помогнале да се обложува и натаму.


Зависноста од обложување ја третираат многу светски организации. Сите тие нудат советување на лица кои се зависни од игрите на среќа. 
____)____Дата___________________________Натпревар______________________Тип_______Коеф.____

29-07-2014Спарта Прага - Малме1 @1.50
29-07-2014БАТЕ Борисов - Дебрецен ФЦX @3.10
26-07-2014Славен Белупо - НК Загреб1@1.90
26-07-2014 Динамо Дрезден - Штутгард II3+@2.15
25-07-2014 Левадија - Инфонет3+@1.55
25-07-2014Дукла Прага - Баник Острава3+@2.15
25-07-2014Вестјеланд - Оденсе2@2.60
24-07-2014Јагодина - КФР Клуж2@2.25
24-07-2014Ст. Полтен - Ботев Пловдив1X@1.40
24-07-2014АИК Стокхолм - Линфилд1@1.25
23-07-2014Вентспилс - Малмо2@1.60
23-07-2014Марибор - Зрињски1@1.37
23-07-2014Ст. Патрикс - Легија Варшава3+@2.00
 

© Copyright Обложувалница 2013 | Designed by A.Josifoski

LIKE - Дадете ја својата поддршка и добивајте ги нашите типови на Facebook