Нови наслови :

BETADRIA Викенд Тикет - коеф: 4,83

Friday, November 16, 2012


BETADRIA.COM обложувалница: Викенд тикет, коефициент 4,83


Во викенд тикетот носиме парови од викенд натпреварите од
понудата на BetAdria.com интернет обложувалница.

РЕГИСТРИРАЈТЕ СЕ за обложување на Betadria.com за да можете
да ја искористите можноста која Ви ја нудиме: Бонус од 10-25% на
СЕКОЈ тикет со шест или повеќе парови, едноставно обложување без
манипулативен трошок, обложување од фотелја од 0-24 часот, сите
365 дена во годината, богата понуда на голем број спортови, LIVE
обложување на повеќе од 300 случувања неделно. Започнете и
направете си го спортот интересен.

BETADRIA.COM ВИКЕНД ТИКЕТ:

МЕТАЛУРГ ДОЊЕЦК - ДИНАМО КИЕВ: 2 = 1,47
ДИНАМО ЗАГРЕБ - ЗАДАР: 1 = 1,12
НОРИЧ - МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД: 2 = 1,40
ДОРТМУНД - ГРОЈТЕР ФУРТ: 1 = 1,15
ЈУВЕНТУС - ЛАЦИО: 1 = 1,48
ОЛИМПИЈАКОС - КЕРКИРА: 1 = 1,12
БОНУС на 6 парови = 10%

Вкупниот коефициент изнесува 4,83

На вложени 10 евра можната добивка изнесува 48,30 евра.

МЕТАЛУРГ ДОЊЕЦК - ДИНАМО КИЕВ: 2 = 1,47
Помина речиси половина од првенството, а Шахтјор веќе со едната
рака до држи шампионскиот пехар во Украина. Фасцинантната серија
на Рударите не остави ништо за конкуренцијата. Динамо оваа сезона
влезе со цел да ја прекине доминацијата на Шахтјор, но веднаш
на почетокот заостанаа и сега единствена цел им е да дојдат до
второто место и повторно преку квалификациите да дојдат до Лигата
на Шампионите. Формата им е во нагорна линија, двете последни

првенствени натпревари ги решија без поголеми проблеми и кај
Металург во Доњецк би требало да сврзат трета победа во низа.
Формата на домаќините е во тотален пад, четири натпревари по ред не
знаат за победа, а пред една недела Шахтјор се прошета на нивниот
терен. Тоа го сака и Динамо, а сите услови ги има за такво нешто.

ДИНАМО ЗАГРЕБ - ЗАДАР: 1 = 1,12
Динамо сеуште има голема предност на табелата, но ситуацијата во
и околу клубот не е сјајна. Честите медиумски напади за смена на
тренерот Чачиќ оставаат траг и на него и на екипата па веќе не е
така мирен во комуникацијата со новинарите. Често неговите изјави
додаваат масло во огинот. Задар неодамна ги шокираше Модрите
исфрлувајќи ги од Купот. Тоа беше сензација каква што не се памти
во последната деценија. Задар повторно гостува на Максимир, победа
сега уште повеќе би им значела бидејќи имаат малку бодови, а
опстанокот е единствена цел која ја имаат. Но, се сомневаме дека
динамовци уште еднаш ќе кикснат, нов неуспех сигурно би значело и
смена на тренерот, но на тоа ќе мора да се причека. Динамо сепак е
класа за себе во хрватскиот фудбал.

НОРИЧ - МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД: 2 = 1,40
Алекс Фергусон не се предава. Легендарниот Шкот во својата
осма деценија од животот има мотив и желба да ги води Црвените
Ѓаволи до нова жетва на трофеи. Примарна цел е да го вратат
шампионскиот трофеј во својата витрина, истиот оној кој им избега
во луда завршница во последното коло кога Сити го прекина својот
пост од 44 години. Јунајтед немаше најдобар старт на сезоната, но
како што одминуваше времето, тргнаа во победничка серија и тоа
по исто сценарио. Противникот мора прво да поведе, а потоа Руни и
друштво прават пресврт во своја корист, обично во последните десет
минути. Во Норич нема да им биде лесно, домаќинот е во многу добра
форма, немаат пораз на последните четири натпревари. Кога на тоа
ќе се придодаде и победата над Тотенхем во Лига Купот, тогаш тоа
навистина е убава серија која за жал ќе прекине овој викенд.

ДОРТМУНД - ГРОЈТЕР ФУРТ: 1 = 1,15
Не е тоа Борусија од минатите две сезони кога ги газеа противниците
во Бундеслигата. Имаат дури 11 бодови заостанување во однос на
Баерн, ќе биде тешко, практично невозможно да ги стигнат. Но црно
жолтите не заборавија да играат фудбал, напротив, оваа сезона се
фантастични во Лигата на Шампионите, во најсилната група во која
се наоѓаат Реал, Манчестер Сити и Ајакс. Веројатно во тоа лежи и
лошиот влез во првенствената сезона. До сега не сврзаа две победи
во низа, дуелот со новакот од Фурт е голема можност за прекин на таа
негативност. Јирген Клоп не сака да се задоволи со улогата на статист
и сигурно уште не се откажал од борбата за шампионската титула,
но неговиот тим нема веќе простор за грешка. Гројтер очекувано се
мачи, поготово на свој терен. Овие две екипи се сретнаа и минатата

сезона во Купот на Германија, Борусија тогаш помина со погодокот на
Гундоган во првата минута од судиското надополнување од второто
продолжение. Овој пат не би требало да има толку неизвесности.

ЈУВЕНТУС - ЛАЦИО: 1 = 1,48
Серијата на Јувентус беше прекината пред две недели. Интер им го
нанесе првиот пораз по 49 натпревари. Старата Дама не тагуваше
долго, на Пескара и дадоа шест гола и по киксот на Интер во Бергамо
предноста на Јуве повторно е четири бода. Нов предизвик е доаѓањето
на Лацио кој е опиен со новото славје по трумфот над Рома во
големото Римско дерби. Некако го поправија впечатокот со победата
над Рома, откако имаа пад во претходните кола. Единствена добра
вест за гостите е неиграњето на Пирло. Идеологот на играта на
Старата Дама нема да настапи на овој дуел поради жолти картони.
Тренерот на гостите Владимир Петковиќ сепак има многу поголеми
проблеми во составувањето на тимот. Нему надвор од стројот му се
дури 12 играчи, меѓу кои се Лучиќ, Маури, Едерсон... Сето наведено го
става Јувентус во улога на голем фаворит, а тој е и против сите екипи
во Италија, ова ќе им биде вистински испит пред дуелот со Челзи кој
на распоред им е во вторник.

ОЛИМПИЈАКОС - КЕРКИРА: 1 = 1,12
Грчката криза се чувствува на сите полиња од животот па и во
спортот. Но со рецесија или без, работите во грчкото првенство не
се промениле. Доминацијата на Олимпијакос продолжува. Клубот кој
во 2000тите години не освои само две шампионски титули, повторно
е на пат да го земе трофејот. Во десет кола освоија 28 бода, другите
се повеќе и повеќе заостануваат, пример Панатенаикос има 15 бода
помалку. Леонардо Јардим, португалскиот стратег на клупата на
Пирејците има многу искусен состав создаден од најдобрите грчки
играчи и странци кои веќе нагазија во четвртата деценија од животот.
Нова пречка на патот до јубилејната 40. титула им е Керкира, тимот
кој го совлада Олимпијакос минатата сезона. Но тогаш тоа беше
последното коло, шампионската титула веќе беше осигурана, па тој
пораз немаше никакви последици за домаќините. Олимпијакос овој
пат тоа нема да си го дозволи.


На шест одиграни парови БОНУСОТ изнесува 10%. Доколку Вашиот
тикет има повеќе парови, бонусот ќе биде поголем, се до 25%.

П.С. Интернет обложувалницата Betadria.com ви го претставува новиот
изглед на страницата и ви носи многу нови бонуси за корисниците.
Посебно се истакнува Месечниот бонус, кои корисниците го собираат
во текот на месецот со активно обложување, тука е и Бонусот за
добредојде за сите нови корисници. Проверете ја најинтересната
понуда на www.betadria.com!
Сподели со пријателите :
____)____Дата___________________________Натпревар______________________Тип_______Коеф.____

29-07-2014Спарта Прага - Малме1 @1.50
29-07-2014БАТЕ Борисов - Дебрецен ФЦX @3.10
26-07-2014Славен Белупо - НК Загреб1@1.90
26-07-2014 Динамо Дрезден - Штутгард II3+@2.15
25-07-2014 Левадија - Инфонет3+@1.55
25-07-2014Дукла Прага - Баник Острава3+@2.15
25-07-2014Вестјеланд - Оденсе2@2.60
24-07-2014Јагодина - КФР Клуж2@2.25
24-07-2014Ст. Полтен - Ботев Пловдив1X@1.40
24-07-2014АИК Стокхолм - Линфилд1@1.25
23-07-2014Вентспилс - Малмо2@1.60
23-07-2014Марибор - Зрињски1@1.37
23-07-2014Ст. Патрикс - Легија Варшава3+@2.00
 

© Copyright Обложувалница 2013 | Designed by A.Josifoski

LIKE - Дадете ја својата поддршка и добивајте ги нашите типови на Facebook