Во рамките на последното 33. коло од Првата Македонска Фудбалска Лига, во Боговиње, силите ќе ги одмерат Дрита и Шкендија.
Многумина од нас се посомневаа и претходното коло во кое Шкендија во Тетово изгуби од битолски Пелистер, каде што Шкендија излезе без половина од стартниот состав. Тогаш Спортлајф беше обложувалницата која како фаворити ги маркираше битолчани. Дали Шкендија предвреме ја заврши сезоната, или навистина бившиот шампион толку многу ослабе во својата игра.
За оние кои не го познаваат македонскиот фудбал, ова е уште еден небитен дуел од 'цркусот' наречен МФЛ1. Но, според обложувалниците ова ќе биде круна на соработката меѓу овие два клуба. Имено, во понудата на Моцарт обложувалниците може да ги погледнете коефициентите за овој меч, кои доколку беше почеток на сезона ќе помислевте дека букмејкерите го загубиле разумот.
Иако Шкендија од овој меч нема што да добие ниту да изгуби, овие коефициенти се до некаде смешни. Дали Шкендија ќе одигра чесно во Боговиње?
Табела:
1. | 32 | 19 | 8 | 5 | 66:21 | 65 | ||
2. | 32 | 17 | 12 | 3 | 49:26 | 63 | ||
3. | 32 | 17 | 9 | 6 | 45:26 | 60 | ||
4. | 32 | 15 | 5 | 12 | 44:41 | 50 | ||
5. | 32 | 13 | 8 | 11 | 51:46 | 44 | ||
6. | 32 | 12 | 7 | 13 | 35:32 | 43 | ||
7. | 32 | 12 | 6 | 14 | 33:44 | 42 | ||
8. | 32 | 11 | 7 | 14 | 27:38 | 40 | ||
9. | 32 | 9 | 10 | 13 | 26:34 | 37 | ||
10. | 32 | 10 | 7 | 15 | 32:49 | 37 | ||
11. | 32 | 6 | 7 | 19 | 21:44 | 25 | ||
12. | 32 | 6 | 4 | 22 | 31:59 | 22 |
- Шкендија: -3 bodovi (Одлука на дисциплинската комисија на ФФМ)