За почеток на денешниот ден објавуваме 3 кратки анализи, поточно објаснувања на типовите, кои според нас се доста сигурни. За уплата на овие парови ви ја препорачуваме СПОРТ ЛАЈФ Обложувалница.
Кристал Палас е новак во Премиер лигата, кој минатата сезона остана без Вилфред Заха, репрезентативецот на Англија. Исто така Мареј кој минатата сезона постигна 30 голови, и новото засилување, искусниот Томас се повредени. Со Герет Бејл, или пак без него, Тотенхем е најмалку една класа поквалитетен од Кристал Палас. Очекувам лесна победа за гостите.
ФК Гостивар сеуште нема поени, има 2 порази од Металург и Брегалница и вкупно примени 5 голови. Веднаш после натпреварот со Металург, ФК Гостивар објави дека донесе 3 нови засилувања, но сепак без звучно име меѓу нив. Новиот тренер има проблеми со воигрување на играчите и сметам дека единствен проблем на Работнички ќе биде лошиот терен и агресивната игра на Гостивар. Како и да е, очекувам резултат од 0:2 или 1:2.
Борусија Дортмунд ќе тежнее да влезе во борба за титулата со Баерн Минхен, затоа треба да го победи аутсајдерот Брауншвајг кој е нов во Бундеслигата. Друга посебна причина за да го одиграм овој пар, немам. СРЕЌНО :)