Англиските медиуми тврдат дека Дејвид Мојс е спремен да испрати понуда од 85 милиони фунти за услугите на 24-годишниот играч на Тотенхем. По неколкуте неуспешни обиди да ги доведе Модриќ и Фабрегас, ова конечно изгледа на еден сериозен обид англискиот шампион да доведе некое звучно засилување во овој преоден рок. Неговото име е, верувале или не, Герет Бејл.

Кога целиот фудбалски свет е во исчекување на комплетирање на трансферот во Реал Мадрид, Давид Мојс одлучи да проба да го сруши клубскиот рекорд за купување играчи, и тоа рекорд кој е за 50 милиони фунти поголем од сегашниот - Димитар Бербатов (30М£) кој се случи во 2008 година.