Околу 18:45 часот вчера е ограбена обложувалчницата „Спорт Лајф“ во Скопје.
Две непознати маскирани лица со закана со пиштол од вработените во обложувачницата на улица „Џон Кенеди“ одзеле околу 80.000 денари, пишува Курир.
По грабежот се оддалечиле од местото на настанот. Од СВР Скопје се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.