Нови наслови :

Речник за местење натпревари: Пиперка, Кулен, Кози на пасиште...

Friday, August 23, 2013

Во исчекување на повеќе информации околу истрагата за 680 наместени натпревари во целиот свет, медиумите ги открија тајните шифри на местачите. Во Хрватска тие биле поврзувани со храна, а во Турција местачите користеле земјоделски поими.
                                                       




На прес конференција во Хаг на 4 февруари, Еуропол откри дел од деталите за најголемата истрага за наместени натпревари во историјата на фудбалот. Во истрагата биле идентификувани 425 лица вмешани во местење, а под истрага се 380 натпревари од Европа и уште 300 од останатиот дел во светот.
Полициските инспектори немале лесна работа за да им влезат во трагата на местачите кои успешно ја прекривале својата работа. Во некои земји тие употребувале и тајни шифри во процесот на местење натпревари.
Медиумите успеаа да откријат дел од речникот на местачите од Хрватска и Турција. Во Хрватска местачите употребувале поими поврзани со храна, жени и автомобили, а во Турција помите се базирани на земјоделство и градежништво.
- ХРВАТСКА:
Погон на четири тркала - сигурно наместен натпревар, без ризик за кикс.
Девојки - поим кој се користел за полиција. На пример: „Не следат девојки".
Клучеви - мито за играчите. Пример: „Не го продава автомобилот без клучеви".
Кулен - поим кој се користел за 1.000 евра мито.
Мерцедес - натпревари кои се во процес на местење. Пример: „Мерцедесот е во работилница".
Пасат - наместен натпревар. Пример: „Пасатот е подготвен за подигнување".
Пиперка - мито пред почнувањето на натпреварот.
- ТУРЦИЈА:
Објектот е во изградба - натпревар кој е во процес на местење.
Жетвата се наводнува - процес на подмитување на фудбалери или судија.
Кози на пасиште - фудбалери.
Орање, садење и сеење - обид на клупски функционери да наместат натпревар.
Извор:  Офсајд | офф.нет.мк 
Сподели со пријателите :
____)____Дата___________________________Натпревар______________________Тип_______Коеф.____

29-07-2014Спарта Прага - Малме1 @1.50
29-07-2014БАТЕ Борисов - Дебрецен ФЦX @3.10
26-07-2014Славен Белупо - НК Загреб1@1.90
26-07-2014 Динамо Дрезден - Штутгард II3+@2.15
25-07-2014 Левадија - Инфонет3+@1.55
25-07-2014Дукла Прага - Баник Острава3+@2.15
25-07-2014Вестјеланд - Оденсе2@2.60
24-07-2014Јагодина - КФР Клуж2@2.25
24-07-2014Ст. Полтен - Ботев Пловдив1X@1.40
24-07-2014АИК Стокхолм - Линфилд1@1.25
23-07-2014Вентспилс - Малмо2@1.60
23-07-2014Марибор - Зрињски1@1.37
23-07-2014Ст. Патрикс - Легија Варшава3+@2.00
 

© Copyright Обложувалница 2013 | Designed by A.Josifoski

LIKE - Дадете ја својата поддршка и добивајте ги нашите типови на Facebook