Нови наслови :

БетАдриа: Викенд тикет

Friday, August 23, 2013

BETADRIA.COM обложувалница: Викенд тикет, коефициент 6,41

Во викенд тикетот носиме парови од викенд натпреварите од понудата на BetAdria.com интернет обложувалница.


РЕГИСТРИРАЈТЕ СЕ за обложување на Betadria.com за да можете да ја искористите можноста која Ви ја нудиме: Бонус од 10-25% на СЕКОЈ тикет со шест или повеќе парови, едноставно обложување без манипулативен трошок, обложување од фотелја од 0-24 часот, сите 365 дена во годината, богата понуда на голем број спортови, LIVE обложување на повеќе од 300 случувања неделно. Започнете и направете си го спортот интересен.


BETADRIA.COM ВИКЕНД ТИКЕТ:

МЕТАЛУРГ - НАПРЕДОК: 1 = 1,35

КАРДИФ - МАНЧЕСТЕР СИТИ: 2 = 1,41

НАНТ - ПСЖ: 2 = 1,53

САМПДОРИЈА - ЈУВЕНТУС: 2 = 1,53

БАЕРН МИНХЕН - НИРНБЕРГ: 1 = 1,10

МАЛАГА - БАРСЕЛОНА: 2 = 1,19

БОНУС на 6 парови = 10%
Вкупниот коефициент изнесува 6,41.
На вложени 10 евра можната добивка изнесува 64,10 евра.



МЕТАЛУРГ - НАПРЕДОК: 1 = 1,35

Металург го пречекува Напредок во рамките од четвртото коло во Македонската Прва Лига. По првите три кола Металург има една победа, но нема пораз ниту примен гол. Напредок освои само еден бод и се наоѓа на претпоследната позиција на табелата. Кичевчани беа убедливи во Купот на Македонија победувајќи ја Локомотива со  5-1 и тоа може да влијае позитивно на нивната самодоверба, но тука  јасно е кој е фаворит. Тимот предводен од Срѓан Захариевски цели кон горните позиции и нов излез на европската сцена, а тоа нема да  се случи доколку не се освојуваат бодови на свој терен против екипи како што е Напредок. Од друга страна Кичевчани ќе водат грчевита битка за опстанок, песимисти сме дека ќе успеат во целта со оглед  на тоа дека овој пат последните четири екипи директно се селат во понизок ранг.


КАРДИФ - МАНЧЕСТЕР СИТИ: 2 = 1,41

Веќе по првото коло табелата во Премиер лигата доби очекуван  изглед. Трите најдобри екипи, Манчестер Јунајтед, Челзи и Манчестер Сити ги завземаа позициите на врвот и помеѓу нив ќе го бараме новиот шампион на Англија. Сити ја отвори сезоната со убедливи 4-0 против Њукасл, таа задача ја решија многу елегантно, дури и разиграно. Мануел Пелегрини има моќен тим, на хартија веројатно и најсилниот во првенството и сега сето тоа треба да се преточи на теренот, а судејќи првиот настап, Чилеанецот е на добар пат. Овој викенд патот го води во Велс, Кардив е нов во лигата и единствена мисла и желба им е да изборат опстанок во елитното друштво, што нема да биде нималку лесна задача. Овие два тима во борба за бодови се среќаваат по повеќе од пола век. Но, од тогаш многу работи се променија, Сити е легитимен конкурент за шампионската титула, а Велшаните тим кој тек сега треба да го пронајде местото помеѓу најдобрите.


НАНТ - ПСЖ: 2 = 1,53

Нант пријатно изненади во првото коло победувајќи ја екипата на Бастија, но сега им пристигнува значајно подобар противник против кој тешко дека ќе можат да се надеваат на бодови. ПСЖ неуверливо ја отвори сезоната, но такви беа и минатата година. Конкуренцијата е сериозна, Монако и Лион играат фантастично и не разелуваат бодови, па и тимот од престолнината нема право на кикс. Доколку сакаат да го задржат чекорот, мораат да победат кај Нинат. Сеуште се чека на Златан Ибрахимовиќ. Не сме навикнати да поминат два натпревари а тој да не даде гол, тој и Кавани треба да го сочинуваат парот напаѓачи од кој сите ќе стравуваат, но очигледно ќе им треба време за се да си дојде на свое место. А баш е времето она што ПСЖ го нема. Мораат да се воигруваат и да победуваат, дали Нант ќе биде почетокот на победничката серија, ќе видиме во недела навечер. По сите показатели мора да биде.


САМПДОРИЈА - ЈУВЕНТУС: 2 = 1,53

Гостинот фигурира како фаворит. Голем фаворит. Бидејќи Јувентус моментално е димензија погоре во однос на комплетната прволигашка конкуренција. Ионака силни уште повеќе се засилија со Тевез и Љоренте. Претпоставката е дека нема да имаат проблеми на гостувањето кај Сампдорија. Фикс два. Оваа сезона торинскиот тим е уште поголем фаворит за титулата, единствен тим кој донекаде може да ги прати е Наполи, кој го загуби Кавани, но надоместија со низа засилувања на вистински играчи, Бенитез по обичај го накрца тимот со играчи од шпанско говорно подрачје, па тука се Реина, Албиол, Каљехон, Игуаин и тие треба да бидат најголема опасност за Јувентус. Но, Старата Дама по сите параметри е најголем фаворит за Скудетото, а тоа ќе го покажат веќе од првиот натпревар и гостувањето кај некогаш моќната Сампдорија.


БАЕРН МИНХЕН - НИРНБЕРГ: 1 = 1,10

Нирнберг успеа на гостувањето кај Хофенхајм да освои бод, но, на Алијанц Арената ќе биде потполно друга приказна. Тимот на Гвардиола ќе бара висока и убедлива победа, а играчите со играта ќе настојуваат во што подобро светло да се покажат пред новиот тренер. Кога ќе се погледне со каков кадар располага германскиот и европскиот шампион, тогаш сеедно е кого тренерот ќе одбере за на терен, поготово кога се во прашање полесните натпревари како овој со Нирнберг. Баварското дерби веќе одамна нема резултатска неизвесност, поготово кога се игра во Минхен, но сеуште сезоната е на почеток, Гвардиола сеуште не пренел се што би сакал да им каже на своите играчи и засега Баерн победува на мускули. А еден играч во тоа се снаоѓа најдобро, станува збор за Марио Манџукиќ. За хрватскиот напаѓач пред сезоната се велеше дека ќе стане жртвено јагне на тактиката на Гвардиола, но на почетокот одговори со голови кои донесоа бодови.


МАЛАГА - БАРСЕЛОНА: 2 = 1,19

Конечно вистински испит за новата Барселона! Домашниот дуел против Леванте не требаше да биде сериозен тест за можностите на новиот мега напад на Барселона. Но првите сериозни заклучоци би можеле да се извадат по дуелот на Ла Росаледа. Ослабени (без Савиола, Иско, Демикелис, Баптиста, Тулалан, Лугано, Жоакин...), но сепак квалитетната Малага, може да ја сопре Барселона и нејзиниотмега-напад кој уште во првиот настап испрати застрашувачка порака до светот. Ние сме тука, ние сме гладни и немојте да не отпишувате.Седум погодоци прими Леванте, а можеше уште толку, разиграна Барселона, Меси кој веќе не бара погодок по секоја цена, тоа е Барселона каква што ја сака Тата Мартино. Дочекан со скепса, овој Аргентинец би можел брзо да ги отргне сите сомнежи од своето име.Почетокот е одличен, Малага е вистински тест и по тоа ќе можеме да ја анализираме новата Барса.

БОНУС 10%

На шест одиграни парови БОНУСОТ изнесува 10%. Доколку Вашиот тикет има повеќе парови, бонусот ќе биде поголем, се до 25%.


П.С. Бонусот за добредојде од 50 ЕУР важи за сите нови корисници за ПРВИОТ депозит во период на траење на бонусот. Понудата важи за депозити со кредитни картици, Moneybookers и банкарски трансфер. Максималниот износ на бонусот е 50 ЕУР. Регистритајте се на Betadria.com, уплатете и земете бонус!
Сподели со пријателите :
____)____Дата___________________________Натпревар______________________Тип_______Коеф.____

29-07-2014Спарта Прага - Малме1 @1.50
29-07-2014БАТЕ Борисов - Дебрецен ФЦX @3.10
26-07-2014Славен Белупо - НК Загреб1@1.90
26-07-2014 Динамо Дрезден - Штутгард II3+@2.15
25-07-2014 Левадија - Инфонет3+@1.55
25-07-2014Дукла Прага - Баник Острава3+@2.15
25-07-2014Вестјеланд - Оденсе2@2.60
24-07-2014Јагодина - КФР Клуж2@2.25
24-07-2014Ст. Полтен - Ботев Пловдив1X@1.40
24-07-2014АИК Стокхолм - Линфилд1@1.25
23-07-2014Вентспилс - Малмо2@1.60
23-07-2014Марибор - Зрињски1@1.37
23-07-2014Ст. Патрикс - Легија Варшава3+@2.00
 

© Copyright Обложувалница 2013 | Designed by A.Josifoski

LIKE - Дадете ја својата поддршка и добивајте ги нашите типови на Facebook