Според најконтроверзниот македонец на денешницата, Велибор Џаровски - Џаро во оваа криза на секого му недостасува по нешто. Или должите рати за кредит, или ви треба нов автомобил, или ви треба стан. Или пак сакате да одите на добро место на одмор, или сте коцкар па имате долгови. И нормално дека таквите луѓе можете да ги убедите да наместат или лажираат меч.
-Постои местење и лажирање на фудбалски натпревари. Лажирање е она кога на рака се дава црна чанта со пари, а местење е кога знаат и управите на клубовите и тие кажуваат како да заврши натпреварот. -дефинира Џаро и додава: "Но тоа местење кога знаат сите воопшто не е мајсторски."
- Мајсторско местење е кога знаат 2 до 3 играчи. Прво ви треба голман, централен дефанзивец и напаѓач. И тогаш дефанзивецот се поставува погрешно во офсајд замката, голманот останува еден на еден и нормално го пропушта погодокот. Тоа не го гледаат обичните луѓе, но мајсторите веднаш воочуваат. Напаѓачот или влегува во офсајд или намерно не погодува, и тоа исто така се приметува многу тешко.
Џаро вели дека се може да се купи и намести. Кошарка, фудбал, ракомет, па дури и шах.
- Нај валкана игра за обложувалниците е кошаркарската NLB лигата (сегашна АБА лига). На сите обложувачи им порачувам да ја следат лигата, да гледаат кои се фаворити за фајнл-фор и ќе знаете, односно ќе земете пари.
Велибор Џаровски најмногу пари освоил на меч од Хрватската прва лига, на мечот Хајдук Сплит - Славен Белупо. Интересен факт е што на Хајдук биле уплатени многу пари и во сите обложувалници овој пар бил блокиран за уплата. Џаро го добил парот како дојава со тип X (нерешен резултат), и кога отишол во обложувалницата не му било дозволено да уплати:
-Се сретнав со газдата на обложувалницата и му кажав дека сум сонувал сон дека ќе биде X и нема да игра на Хајдук (1). Натпреварот заврши 1:1.
-Во фудбал го наместив цело 34. последно коло во Југословенската фудбалска лига, меѓутоа најголема зае*анција ми беше во ракометот. Имено, наместив натпревар кој заврши со разултат 0:0. Тоа никому не му е јасно, после мечот ставија нови стативи зошто беа оштетени а голманите беа на прегледи и задржани во болница затоа што сите топки одеа во нив.
Најголемата цифра која Џаро ја добил од местенки била 270 000 американски долари, а тој исплатил 280 000 тогашни германски марки. Тој неколку пати бил приведуван, но никогаш осуден.