На домашен терен Вардар е одличен. Не е важно дали тоа е Филип Втори, Билјанини Извори или во овој случај Железарница.

„Создаваме многу шанси, но потребна е малку поголема концентрација при реализацијата, како и поголема одговорност во дефанзива. Една од трите цели не ја реализиравме, за жал, елиминирани сме од Купот, меѓутоа сега ни преостанува да се фокусираме на добри игри и на победи во првенството. Верувам дека влегуваме во многу подобар период и очекувам на неделниот дуел со Напредок да оствариме сигурен триумф. Со тоа и ќе се подготвиме психолошки подобро за дербито против Пелистер во Битола“, вели тренерот Благоја Милевски.
Единствената причина да играм на победа за домашните е одличниот коефициент кој го нудат обложувалниците. Со оглед на моменталната ситуација на табелата, овој коефициент е сосема реален, но од друга страна прашање на време е кога Слобода ќе почне константно да победува. Својот квалитет го докажаа против Телеоптик во купот каде што играа без капитенот Василиќ кој се враќа за овој меч. Победата беше голема, 3-0 а стрелец на сите 3 голови беше Тиаго Галвао. Од друга страна кај Раднички, Бељиќ нема право на настап поради црвениот картон што го доби минатиот меч, исто така нема да настапи и Фејса поради повреда што е голем хендикеп за Раднички.
МАКЕДОНИЈА ЃП - ШКЕНДИЈА ________ 2@2.45
Шкендија влезе во ритам. Конечно спонзорствата и засилувањата дадоа некаква реакција. Имено, 2 пати по 2:0 ја победија Македонија ЃП, пред тоа Вардар и Напредок а изгубија само од Пелистер. Македонија ЃП важи за не толку добар противник и мислам дека избраниците на Ѓоре Јовановски ќе стигнат до лесна победа во Ѓорче Петров. Дополнително на сето ова е одличниот коефициент.

