Шпанија 2.

После 3 одиграни кола, Сарагоса има само 2 поени што е загрижувачко за фановите на Сарагоса па и за целиот клуб. Нивниот тренер Херера на прес конференција истакна дека овој меч за нив е исто како и финале. Очекувам Сарагоса да влезе крајно мотивирано во овој меч и да издвои победа со просечниот Луго. Ова за нив ќе биде нов старт на сезоната.
Англија 4.
Рочдејл-Бери 1@2.40 1:0
Бери од последните 3 меча има 2 победи и 1 реми, a пред тоа загуби 2 пати по ред. Меѓу стативите ќе биде приморан да застане третиот голман Јенсен.
Рочдејл нема победа 4 лигашки натпревари едно по друго, и се наоѓаат во ситуација каде што мора да се борат. Се очекува Бери да изигра дефанзивно, па претпоставувам дека Рочдејл ќе врши голем притисок и ќе има над 60% посед на топка.
Македонија 2.
Тетекс-Врапчиште 3+@1.60 2:1
Ова се екипи од нашата втора фудбалска лига кои постигнуваат релативно многу голови. Очекувам и денес во Тетово, тимот на Тетекс да биде бодрен од своите 'Војводи', па предноста од домашниот терен да ја преточи во 2-3 голови.
Досегашното искуство вели дека Врапчиште игра до последната секунда. Не се откажува, па така минатото коло спаси бод во 95+ минута. Секако дека и од нив очекувам мин. 1 гол, но обложувалниците не ја нудат таа игра за овој натпревар.