Кротоне има одлична шанса да го скрши 'проклетството' кое трае верувале или не, цели 37 години. Реџина се наоѓа на последното место во лигата, со многу проблеми.
Кротоне минатото коло, против Цитадела, ја сопре низата од три победи по ред и тоа против квалитетни противници. Со победа против Реџина, Кротоне ќе се искачи на 6. место и ќе остане конкурентетн во борбата за едно од првите две места кои водат директрно во Серија А.
Несреќниот пораз од Цитадела е минато и мислите се насочени кон Калабриското дерби. Во Кротоне целата јавност е фокусирана на ова дерби, па и градоначалникот излезе со говор:
- Овие два тима со својата напорна работа произведоа силни играчи и ја направија горда цела Калабрија. Ние немаме победа на ова дерби веќе 37 години, но како што сите знаеме, на секоја серија кога-тогаш мора да и дојде крајот, па така и на оваа. Кротоне оди на победа!
Исто така тренерот на Кротоне имаше мошне емотивен говор:
- Многу долго сум на клупата на тимов, но овие моменти секогаш се посебни. Јас потекнувам од Кротоне и знам што им значи овој меч на нашите навивачи. Целиот тим е многу возбуден, моралот и мотивацијата се на високо ниво. Ќе дадеме се од себе за да победиме.
Кротоне нема да може да смета на 3 играчи кои не се толку незаменливи за клубот. Реџина пак ќе биде без голманот Контеса.

2.30 | 3.10 | 3.20 |
Коеф: 2.30