МФЛ1 стана многу непредвидлива кога станува збор типувањето , или народски кажано 'неможе да им се фати крајот'. Но затоа мислам дека со овој сингл ќе ве убедам дека типувањето на македонски парови и не е така лошо.
Силекс е тим кој се препороди за неколку месеци. Секако , на домашен терен оваа сезона немаат пораз оваа сезона и имаат две реми средби со водечките Хоризонт и Вардар. Теренот на стадионот во Кратово е екстремно лош , и од него тешко кој гостин може да однесе 3 бода.
Заревски и Георгиев во нападот се супериорни со по 5 , односно 3 постигнати. Исто така Велинов може да го издвоиме како важен играч за нападот на кратовчани.
Напредок од Кичево кога играле на гостински терен имале само едно реми и една победа против Работнички , а се останато се порази. Првиот меѓусебен натпревар заврши со 3 бодови за Напредок и тоа со минимална разлика. Сега пак се игра во Кратово и очекувам да бидат вратени тие 3 бодови кои и тоа како можат да го извадат Силекс од дното на табелата кое води директно во втората македонска фудбалска лига.
Мислам дека се игра '4 за 4' што значи дека ова ќе биде победа за Силекс и ќе има реми на меѓусебниот натпревар во пролетниот дел од сезоната. Заревски и компанија можат до 3 бодови , доста се мотивирани , а ако на тоа го додаеме и домашниот терен сигурно дека добиваме огромна предност за Силекс.
МОЈ ТИП : 1 (2,00)