Нови наслови :

ВИКЕНД ТИКЕТ од БетАдриа

Friday, August 30, 2013

BETADRIA.COM обложувалница: Викенд тикет, коефициент 5,10

Во викенд тикетот носиме парови од викенд натпреварите од 

понудата на BetAdria.com интернет обложувалница.



РЕГИСТРИРАЈТЕ СЕ за обложување на Betadria.com за да можете 

да ја искористите можноста која Ви ја нудиме: Бонус од 10-25% на 

СЕКОЈ тикет со шест или повеќе парови, едноставно обложување без 

манипулативен трошок, обложување од фотелја од 0-24 часот, сите 

365 дена во годината, богата понуда на голем број спортови, LIVE 

обложување на повеќе од 300 случувања неделно. Започнете и 

направете си го спортот интересен.


---------------------------------------------------------------------------

БРЕГАЛНИЦА - МАКЕДОНИЈА Ѓ.П.: 1 = 1,35

МАНЧЕСТЕР СИТИ - ХАЛ: 1 = 1,17

ПСЖ - ГИНГАМП: 1 = 1,18

МИЛАН - КАЉАРИ: 1 = 1,43

АЈНТРАХТ ФРАНКФУРТ - ДОРТМУНД: 2 = 1,50

РЕАЛ МАДРИД - АТЛ. БИЛБАО: 1 = 1,16 

---------------------------------------------------------------------------

БОНУС на 6 парови = 10%

Вкупниот коефициент изнесува 5,10.

На вложени 10 евра можната добивка изнесува 51,00 евра.



БРЕГАЛНИЦА - МАКЕДОНИЈА Ѓ.П.: 1 = 1,35

Поразот од Вардар не ја наруши еуфоријата во Штип, Брегалница 

е вистински хит по првите пет кола во македонското првенство, 

штипјани со 10 бода се на делба на првата позиција со Хоризонт 

Турново. Брегалница е задоволна од стартот, но не планира тука 

да застане, во Штип ова коло гостува последнопласираната екипа, 

Македонија Ѓорче Петров. По четири порази во воведните кола, 

Македонија Ѓорче Петров направи големо изненадување совладувајќи 

го првопласираниот Хоризонт Турново, победа која ќе ја подигне 

самодовербата кај Ѓорчепетровци. Но Брегалница со помош на своите 

навивачи ќе атакува кон четвртата победа, ги има сите услови за 

такво нешто, и сите прогнози велат дека ова коло повторно ќе се 

слави во Штип.



МАНЧЕСТЕР СИТИ - ХАЛ: 1 = 1,17

Сигурно дека Мануел Пелегрини на друг начин го замислуваше 

стартот на клупата на Манчестер Сити, но веќе во вториот натпревар 

од првенството созна дека во ова натпреварување фаворитот не е 

секогаш победник, особено ако не е на нивото на своите можности. 

Граѓаните пристигнаа во Кардиф уверени дека со триумф над 

новајлијата ќе останат на победничката стаза, но, велшкиот тим 

со храбра игра дојде до голема победа. Сепак веруваме дека тоа 

беше само изолиран инцидент, бидејќи Сити има одличен тим и 

конечно комплетиран. Имено, во Кардиф Пелегрини имаше проблеми 

со одбраната, па играчот од средниот ред Хави Гарсија играше во 

дефанзивата и не беше доволно добар. Сега тука е Насташиќ и 

треба да биде подобро во одбраната, а во офанзивата немаат многу 

проблеми. Кого и да стави Чилеанецот, не може да погреши и Хал 

нема да има преголеми шанси да остане непоразен.



ПСЖ - ГИНГАМП: 1 = 1,18

Дури во третото коло ПСЖ дојде до првата победа. Тоа не е 

учинок каков што очекуваа Парижаните, но нема паника, бидејќи 

ни останатите конкуренти не победуваат во серија. Лорен Блан 

се вклопува со тимот, а така е и со Единсон Кавани, најскапото 

засилување ова лето. Но ако се суди по натпреварот во Нант, 

Уругваецот и Ибрахимовиќ би можеле да сочинуваат пеколен тандем. 

Јасно, доколку Златан успее да го совлада своето его. Познато е 

дека не функционира во состав каде што не е се подредено на него. 

Блан ќе мора да поработи на тоа и доколку успее да го подреди Ибра 

на колективот, ПСЖ би можел далеку, не мислиме на француското 

првенство, таму и онака не смеат да погрешат и да не ја освојат 

титула, туку во Европа. А до француската титула се доаѓа со победи 

против Гингамп.



МИЛАН - КАЉАРИ: 1 = 1,43

Првото коло донесе големо изненадување, Милан беше поразен кај 

повратникот во Серија А, Верона беше подобра, правејќи пресврт во 

своја полза. Тогаш повторно се појавија медиумските шпекулации 

за отказ на Алегри, но само три дена подоцна Росоњерите во 

фантастична претстава го разбија ПСЖ и се пласираа во Лигата на 

Шампионите. Тоа му даде поттик на тренерот на Милан за пресметка 

со медиумите, малку ги загуби живците, но на крајот се се заврши 

добро. Милан е сепак далеку од оние денови кога беше европска 

топ дестинација, Серија А сега е во сенка на Премиер лигата, 

Бундеслигата и Примера. Јувентус е голем фаворит за одбрана на 

титулата, Милан пак сака да го прати ритамот на торинскиот тим 

колку што е можно подолго, а веќе во Верона се покажа дека тоа ќе 

биде тешко. Сепак, Милан би требало да заврши на место кое води во 

Лигата на Шампионите, Каљари е интересен тим кој сепак на Сан Сиро 

нема што да бара.



АЈНТРАХТ ФРАНКФУРТ - ДОРТМУНД: 2 = 1,50

Иако сезоната сеуште е на почеток, Борусија има можност да се 

одлепи од Баерн и во Минхен да внесе нервоза. Имено, Баварците во 

текот на изминатата недела го одиграа својот натпревар од четвртото 

коло и испуштија два бода на гостувањето во Фрајбург, Гвардиола се 

коцкаше со составот сакајќи да ги сочува ударните играчи за Супер 

купот со Челзи и сударот со Мурињо. Коцката не се исплатеше, два 

бода отидоа во неповрат, а токму на такви натпревари лани Борусија 

паѓаше и заостана неверојатни 25 бода. Токму тоа го апострофираше 

Јирген Клоп и сега црно-жолтите влегуваат поконцентрирани во тие 

дуели. Далеку од тоа дека Ајнтрахт е лесна пречка, напротив, Асмин 

Вех направи добра работа, но Борусија сепак е фаворит во овој 

натпревар и тоа ќе го потврди и на теренот.



РЕАЛ МАДРИД - АТЛ. БИЛБАО: 1 = 1,16

Сеуште тоа не е оној Реал каков го сака армијата навивачи. Во 

Гранада ги спасуваше Диего Лопез кој потполно го истисна Икер 

Касиљас од голот. Против Бетис победата беше остварена дури во 

финишот од натпреварот, а пред тоа беше исклучително опасно, Карло 

Анчелоти допрва треба да ги среди линиите во тимот. А ситуацијата 

со Герет Бејл воопшто не им оди во полза. Веќе една недела се чека 

на потпис на велшкиот тркач, но сеуште не е испуштен бел чад на 

Сантијаго Бернабеу. А на тој култен стадион пристигнува Атлетик 

Билбао, нималку лесен противник кои и понатаму е верен на својата 

традиција и во тимот играат само фудбалери со баскијско потекло, 

а оваа сезона ја отворија со две победи па ќе бидат исклучителен 

тврд орев за Реал во еден несекојдневен термин. Имено натпреварот 

се игра во недела попладне. Но ако нешто може да ги теши играчите 

на кралскиот клуб, тоа е традицијата во последните седум двобои со 

Атлетико која е потполно во нивна корист со гол разлика 28:4!




На шест одиграни парови БОНУСОТ изнесува 10%. Доколку Вашиот 

тикет има повеќе парови, бонусот ќе биде поголем, се до 25%.

П.С. Бонусот за добредојде од 50 ЕУР важи за сите нови корисници 

за ПРВИОТ депозит во период на траење на бонусот. Понудата 

важи за депозити со кредитни картици, Moneybookers и банкарски 

трансфер. Максималниот износ на бонусот е 50 ЕУР. Регистритајте се 

на Betadria.com, уплатете и земете бонус!
Сподели со пријателите :
____)____Дата___________________________Натпревар______________________Тип_______Коеф.____

29-07-2014Спарта Прага - Малме1 @1.50
29-07-2014БАТЕ Борисов - Дебрецен ФЦX @3.10
26-07-2014Славен Белупо - НК Загреб1@1.90
26-07-2014 Динамо Дрезден - Штутгард II3+@2.15
25-07-2014 Левадија - Инфонет3+@1.55
25-07-2014Дукла Прага - Баник Острава3+@2.15
25-07-2014Вестјеланд - Оденсе2@2.60
24-07-2014Јагодина - КФР Клуж2@2.25
24-07-2014Ст. Полтен - Ботев Пловдив1X@1.40
24-07-2014АИК Стокхолм - Линфилд1@1.25
23-07-2014Вентспилс - Малмо2@1.60
23-07-2014Марибор - Зрињски1@1.37
23-07-2014Ст. Патрикс - Легија Варшава3+@2.00
 

© Copyright Обложувалница 2013 | Designed by A.Josifoski

LIKE - Дадете ја својата поддршка и добивајте ги нашите типови на Facebook