Нови наслови :
Showing posts with label Кец-У-Кец. Show all posts
Showing posts with label Кец-У-Кец. Show all posts

Полицијата примила над 120 пораки за грабеж во Елче

Thursday, September 26, 2013

По контроверзниот пенал досуден во 96-тата минута од натпреварот Елче - Реал Мадрид (1:2), Шпанската полиција почнала да добива пораки за грабеж во Елче. Пеналот го реализираше Кристиано Роналдо за конечни 1:2.


Шпанската полиција, која е најактивна на социјалните мрежи веднаш одговори на пораките, потенцирајќи дека нивна грижа е – безбедноста.
„Примивме преку 120 пораки за фудбал во последните десет минути. Запаметете, ние ви помагаме за БЕЗБЕДНОСТА...", напиша полицијата.

Велибор Џаровски-Џаро: Наместив ракометен меч кој заврши 0:0

Thursday, September 5, 2013

Според најконтроверзниот македонец на денешницата, Велибор Џаровски - Џаро во оваа криза на секого му недостасува по нешто. Или должите рати за кредит, или ви треба нов автомобил, или ви треба стан. Или пак сакате да одите на добро место на одмор, или сте коцкар па имате долгови. И нормално дека таквите луѓе можете да ги убедите да наместат или лажираат меч.



-Постои местење и лажирање на фудбалски натпревари. Лажирање е она кога на рака се дава црна чанта со пари, а местење е кога знаат и управите на клубовите и тие кажуваат како да заврши натпреварот. -дефинира Џаро и додава: "Но тоа местење кога знаат сите воопшто не е мајсторски."

- Мајсторско местење е кога знаат 2 до 3 играчи. Прво ви треба голман, централен дефанзивец и напаѓач. И тогаш дефанзивецот се поставува погрешно во офсајд замката, голманот останува еден на еден и нормално го пропушта погодокот. Тоа не го гледаат обичните луѓе, но мајсторите веднаш воочуваат. Напаѓачот или влегува во офсајд или намерно не погодува, и тоа исто така се приметува многу тешко.
                 

Џаро вели дека се може да се купи и намести. Кошарка, фудбал, ракомет, па дури и шах.

- Нај валкана игра за обложувалниците е кошаркарската NLB лигата (сегашна АБА лига). На сите обложувачи им порачувам да ја следат лигата, да гледаат кои се фаворити за фајнл-фор и ќе знаете, односно ќе земете пари.

Велибор Џаровски најмногу пари освоил на меч од Хрватската прва лига, на мечот Хајдук Сплит - Славен Белупо. Интересен факт е што на Хајдук биле уплатени многу пари и во сите обложувалници овој пар бил блокиран за уплата. Џаро го добил парот како дојава со тип X (нерешен резултат), и кога отишол во обложувалницата не му било дозволено да уплати:
-Се сретнав со газдата на обложувалницата и му кажав дека сум сонувал сон дека ќе биде X и нема да игра на Хајдук (1). Натпреварот заврши 1:1.

-Во фудбал го наместив цело 34. последно коло во Југословенската фудбалска лига, меѓутоа најголема зае*анција ми беше во ракометот. Имено, наместив натпревар кој заврши со разултат 0:0. Тоа никому не му е јасно, после мечот ставија нови стативи зошто беа оштетени а голманите беа на прегледи и задржани во болница затоа што сите топки одеа во нив.

Најголемата цифра која Џаро ја добил од местенки била 270 000 американски долари, а тој исплатил 280 000 тогашни германски марки. Тој неколку пати бил приведуван, но никогаш осуден.                                                     

Кој е фаворит за титулата во најдобрата Македонска фудбалска лига

Tuesday, September 3, 2013

Според престижната онлајн обложувалница BWIN, претенденти за титулата, очекувано се Вардар и Турново. Но, ако го земеме во предвид меѓусебниот меч помеѓу овие две екипи, формата и ситуацијата на таблата, Турновци би требало да бидат во блага предност според коефициентот. BWIN не вели така.




    ТИКЕТОТ НА БАБА ВАНЃА

    Sunday, August 25, 2013


    Обложувач од Скопје направил тикет со 20 денари и  ја олеснил МоцартБет за 249 600 денари. Насловот можеби ве зачуди малку, но проценете и сами: ДАЛИ Е БАЈАЧ ВО ПРАШАЊЕ?! :D 



    Речник за местење натпревари: Пиперка, Кулен, Кози на пасиште...

    Friday, August 23, 2013

    Во исчекување на повеќе информации околу истрагата за 680 наместени натпревари во целиот свет, медиумите ги открија тајните шифри на местачите. Во Хрватска тие биле поврзувани со храна, а во Турција местачите користеле земјоделски поими.
                                                           




    На прес конференција во Хаг на 4 февруари, Еуропол откри дел од деталите за најголемата истрага за наместени натпревари во историјата на фудбалот. Во истрагата биле идентификувани 425 лица вмешани во местење, а под истрага се 380 натпревари од Европа и уште 300 од останатиот дел во светот.
    Полициските инспектори немале лесна работа за да им влезат во трагата на местачите кои успешно ја прекривале својата работа. Во некои земји тие употребувале и тајни шифри во процесот на местење натпревари.
    Медиумите успеаа да откријат дел од речникот на местачите од Хрватска и Турција. Во Хрватска местачите употребувале поими поврзани со храна, жени и автомобили, а во Турција помите се базирани на земјоделство и градежништво.
    - ХРВАТСКА:
    Погон на четири тркала - сигурно наместен натпревар, без ризик за кикс.
    Девојки - поим кој се користел за полиција. На пример: „Не следат девојки".
    Клучеви - мито за играчите. Пример: „Не го продава автомобилот без клучеви".
    Кулен - поим кој се користел за 1.000 евра мито.
    Мерцедес - натпревари кои се во процес на местење. Пример: „Мерцедесот е во работилница".
    Пасат - наместен натпревар. Пример: „Пасатот е подготвен за подигнување".
    Пиперка - мито пред почнувањето на натпреварот.
    - ТУРЦИЈА:
    Објектот е во изградба - натпревар кој е во процес на местење.
    Жетвата се наводнува - процес на подмитување на фудбалери или судија.
    Кози на пасиште - фудбалери.
    Орање, садење и сеење - обид на клупски функционери да наместат натпревар.
    Извор:  Офсајд | офф.нет.мк 

    Делчевецот што ја 'покоси' Вил-Хил откри скандал во Естонија

    Monday, August 19, 2013

    Информацијата дека пасиониран обложувач од Делчево, кој во саботата буквално „ограби“ една наша обложувачница откако со 450 денари уплата ќари добивка од речиси 500.000 денари типувајќи на три пресврти во играта „полувреме-крај“, стигна дури до далечната Естонија како најава на фудбалски скандал со оглед на тоа што еден од одиграните натпревари беше од првенството во таа држава.



    Делчевецот погодил дека на мечот од естонската лига помеѓу Транс Нарва и Талина прво гостите ќе бидат во водство на полувремето, но дека домаќините ќе победат на крај. Ваквите пресврти се многу ретки и тешки за погодување поради што најчесто носат големи коефициенти, а натпреварите веднаш се ставаат во графата сомнителни.
    Токму поради тоа, овој дуел е ставен под лупа на естонската фудбалска федерација, но и поради фактот што таму некаде на Балканот, кој важи за едно од местата каде што е развиена обложувачката мафија, некој заработил 8.000 евра типувајќи на пресврт што ретко се гледа не само на мечевите од Естонија. Истрагата е почната, а епилогот наскоро ќе биде познат.
    Трите добитни ливчиња кои на обложувачкиот мајстор му донесоа 8.000 евра
    Човекот што доби значајна добивка средбата на екипите од Балтикот ја искомбинира со два натпревари од германските пониски лиги, на кои исто така имаше пресврт во играта „полувреме-крај“ што уште повеќе ги зголеми сомнежите дека станува збор за нешто сомнително на сите три средби.

    Извор: МКД.МК

    Џиџи: 33.кола се играат за џабе, однапред се знае се

    Екс кормиларот на нашиот најтрофеен фудбалски клуб Вардар, Никола Илиевски-Џиџи тврди дека неговиот екс клуб ќе биде потпомогнат од ФФМ и повторно ќе ја освои титулата во МФЛ1.

    Тој порачува јавноста да не се возбудува премногу околу стартот на новата сезона и дека се' знае кој ќе биде шампион. Исто така Џиџи тврди дека се додека Благоја Милевски е шеф на стручниот штаб на Вардар, Илчо Ѓорѓиоски ќе стори се за Вардар да освојува титули.

    - Се знае кој е кој во Мак-Фудбалот. Кој ќе биде шампион а кој ќе отпадне од првата лига, се знае и кој ќе игра во Европа, само треба да се влезе во шемите и списоците на раководството на ФФМ и на сите ќе им стане јасно. Реков бадијала сите други клубови ќе играат 33. кола, кога уште сега некои работи се јасни како ден. Кој не верува нека ги запамети моите зборови и искажувања и во мај нека се потсети на нив.

    Металист Харков исто како Победа Прилеп

    Saturday, August 17, 2013

    Дисциплинската комисија на УЕФА го исфрли Металист Харков од квалификациите за Лигата на шампионите поради учество во местење натпревари во домашното првенство во 2008. година.
    Металист го елиминираше грчки ПАОК во третото преколо од ЛШ и за влез во групната фаза требаше да игра против Шалке.
    УЕФА најави дека нејзиниот Одбор за итни прашања попладнево ќе ја донесе конечната одлука, дали Шалке директно ќе оди во Лигата на шампионите или шанса ќе добие ПАОК.
    Сепак, украинскиот клуб има право на жалба на оваа одлука на Европската куќа на фудбалот.

    Дали Шкендија ќе одигра чесно во Боговиње?!

    Saturday, June 1, 2013

    Во рамките на последното 33. коло од Првата Македонска Фудбалска Лига, во Боговиње, силите ќе ги одмерат Дрита и Шкендија.

    Многумина од нас се посомневаа и претходното коло во кое Шкендија во Тетово изгуби од битолски Пелистер, каде што Шкендија излезе без половина од стартниот состав. Тогаш Спортлајф беше обложувалницата која како фаворити ги маркираше битолчани. Дали Шкендија предвреме ја заврши сезоната, или навистина бившиот шампион толку многу ослабе во својата игра.

    За оние кои не го познаваат македонскиот фудбал, ова е уште еден небитен дуел од 'цркусот' наречен МФЛ1. Но, според обложувалниците ова ќе биде круна на соработката меѓу овие два клуба. Имено, во понудата на Моцарт обложувалниците може да ги погледнете коефициентите за овој меч, кои доколку беше почеток на сезона ќе помислевте дека букмејкерите го загубиле разумот. 

    Иако Шкендија од овој меч нема што да добие ниту да изгуби, овие коефициенти се до некаде смешни. Дали Шкендија ќе одигра чесно во Боговиње?





    Табела:
    1.Vardar32198566:2165
    2.Turnovo321712349:2663
    3.Met. Skopje32179645:2660
    4.Rabotnicki321551244:4150
    5.Shkendija321381151:4644
    6.Bregalnica321271335:3243
    7.Renova321261433:4442
    8.Napredok321171427:3840
    9.Pelister329101326:3437
    10.Drita321071532:4937
    11.Teteks32671921:4425
    12.Sileks32642231:5922
    • Шкендија: -3 bodovi (Одлука на дисциплинската комисија на ФФМ)
    ____)____Дата___________________________Натпревар______________________Тип_______Коеф.____

    29-07-2014Спарта Прага - Малме1 @1.50
    29-07-2014БАТЕ Борисов - Дебрецен ФЦX @3.10
    26-07-2014Славен Белупо - НК Загреб1@1.90
    26-07-2014 Динамо Дрезден - Штутгард II3+@2.15
    25-07-2014 Левадија - Инфонет3+@1.55
    25-07-2014Дукла Прага - Баник Острава3+@2.15
    25-07-2014Вестјеланд - Оденсе2@2.60
    24-07-2014Јагодина - КФР Клуж2@2.25
    24-07-2014Ст. Полтен - Ботев Пловдив1X@1.40
    24-07-2014АИК Стокхолм - Линфилд1@1.25
    23-07-2014Вентспилс - Малмо2@1.60
    23-07-2014Марибор - Зрињски1@1.37
    23-07-2014Ст. Патрикс - Легија Варшава3+@2.00
     

    © Copyright Обложувалница 2013 | Designed by A.Josifoski

    LIKE - Дадете ја својата поддршка и добивајте ги нашите типови на Facebook