По контроверзниот пенал досуден во 96-тата минута од натпреварот Елче - Реал Мадрид (1:2), Шпанската полиција почнала да добива пораки за грабеж во Елче. Пеналот го реализираше Кристиано Роналдо за конечни 1:2.
Шпанската полиција, која е најактивна на социјалните мрежи веднаш одговори на пораките, потенцирајќи дека нивна грижа е – безбедноста.
„Примивме преку 120 пораки за фудбал во последните десет минути. Запаметете, ние ви помагаме за БЕЗБЕДНОСТА...", напиша полицијата.