Нови наслови :

Основни совети

Friday, November 16, 2012

Долгогодишното искуство во обложувањето и секако големата упорност да се стигне до тактики кои ја зголемуваат можноста за добивка, доведуваат до контакт со многу обложувачи , магазини, книги, прирачници, сајтови, контакти и што ли уште не , а така е создаден и овој блог од кој ќе можете да научите за светски познатите стратегии кои се користат и кои го зголемуваат процентот на веројатност за добивка. Но, тоа што е најважно , и што ќе Ви биде препорачано во идните содржини на овој блог е тоа да секогаш на прво место Ви биде приватниот живот (семејството , пријателите )  и професионалниот живот ( школувањето, работата или бизнисот), бидејќи овие начела, стратегии и начини на играње не се волшебни `стапчиња ` за богатење       ( такви никој не открил ) , ниту се сигурен пат до успехот , но тие се само тактички начин за сите обложувачи , со што се овозможува повисок процент на веројатност за добивка , и секако контролирано обложување со можност за задоволство и забава во него. Никогаш не се опседнувајте со обложувањето , бидејќи потребата за обложување од навика е најлошото нешто што може да ви се случи, и покрај тоа што многу добро знаеме дека е навистина голема `адреналинска ` возбуда и забава. Бидете дисциплинирани во користењето на било која стратегија што ќе ја одберете и на тој начин претворете го обложувањето во уживање , релаксација и евентуален профит, па макар тој профит бил и 1000 денари месечно. Да, точно така, нема нагло богатење преку ноќ, тоа е еден од најважните моменти што треба да ги усвоите и примените. Отфрлете ги фантазиите за големи добивки
Поради тие фантазии , обложувањето е еден од најголемите бизниси во целиот свет.

Како вовед за оваа страна , најнапред одговорете си ги прашањата : Каково е Вашето размислување, има ли стратегија во начинот на кој е осмислено обложувањето? Сите тие
бројки, коефициенти, видови на обложување... сте размислувале ли некогаш подлабоко? Еве едно просто прашање: Зоѓто нема ситуација во која на еден натпревар, сите три типа ( 1,Х и2 ) би биле со коефициент 3,00 или поголем ? Добро... прашањата се наивни. Секако, сите знаеме дека има огромна стратегија во бројките. Но... како може да се спротивставиме на стратешки поставените бројки во билтените ? Одговорот е со против стратегија.
Сепак, покрај математичките стратегии, една од најважните работи за секој потенцијален успешен обложувач е карактерот, односно дисциплината и принципиелноста во користењето на однапред одбраната стратегија. Всушност, Ви се случило ли после некое промашено ливче да ` трчате` до најблиската обложуважчница за да пробате да го повратите губитокот на вложени пари од претходното ливче? Ви се случило ли да се изнервирате од промашените парови, и неконтролирано  ( недисциплинирано ) без стратегија да вложувате во нови ливчиња? А имате ли стратегија? Дали некогаш имате чувство како да не знаете да одберете на која игра да се обложите, каков систем или тактика да направите, какви услови да се одберат, колку ли парови ќе Ве извисат? Имате ли некој определен месечен или годишен буџет на пари за обложување? Или едноставно, само се обложувате, по инерција, по навика? Добро доста е со прашања, сигурно е дека оваа страна ќе ви биде повеќе од корисна .

Тука ќе ви бидат претставени 12 различни стратегии кои се користат и кои може да ви послужат како насока во обложувањето. А откога ќе ги изложиме сите ќе играме заедно со вас, т.е. ќе ви даваме наши предлози за пртстојните натпревари. Основното е дека секој треба да си одбере своја стратегија на обложување. Но... заедниќко и од голема важност е дека секој треба да развие степен на психолошка стабилност во обложувањето што се темели на дисциплина, принципиелност, истрајност во своите стратегии, кои особини пак, најчесто водат до профит, а секако во најмала рака го сведуваат ризикот за губење на пари на минимум. Доколку дозволите нервозата да ве надвладее и почнете неконтролирано да се обложувате, на пат сте да си го губите времето и парите.

Преку советите од оваа страна би требало да го развиете чувството на дисциплина, принципиелност и стратегија, и секако да забележите дека профитот ( каков и да е ) не би требало да изостане. И покрај тоа што добро е познато дека во обложувањето нема ништо сигурно, овие стратегии навистина го зголемуваат процентот на можност за добивка. Па почнуваме...
Сподели со пријателите :
____)____Дата___________________________Натпревар______________________Тип_______Коеф.____

29-07-2014Спарта Прага - Малме1 @1.50
29-07-2014БАТЕ Борисов - Дебрецен ФЦX @3.10
26-07-2014Славен Белупо - НК Загреб1@1.90
26-07-2014 Динамо Дрезден - Штутгард II3+@2.15
25-07-2014 Левадија - Инфонет3+@1.55
25-07-2014Дукла Прага - Баник Острава3+@2.15
25-07-2014Вестјеланд - Оденсе2@2.60
24-07-2014Јагодина - КФР Клуж2@2.25
24-07-2014Ст. Полтен - Ботев Пловдив1X@1.40
24-07-2014АИК Стокхолм - Линфилд1@1.25
23-07-2014Вентспилс - Малмо2@1.60
23-07-2014Марибор - Зрињски1@1.37
23-07-2014Ст. Патрикс - Легија Варшава3+@2.00
 

© Copyright Обложувалница 2013 | Designed by A.Josifoski

LIKE - Дадете ја својата поддршка и добивајте ги нашите типови на Facebook