Во оваа статија сакам да споделам со вас неколку совети кои се надевам дека ќе влијаат на вашиот паричник и ќе ви бидат од голема корист при обложувањето во спортските обложувалници:
Соодветно распоредување на пари

На сите ни се има случено да изгубиме чувство за тоа колкави се нашите можности кога ќе застанеме на шалтерот на обложувалницата , и вложуваме повеќе пари одколку што тикетот 'заслужува' да биде уплатен. Затоа најдобро е тикетите да ги пишувате дома , и сумата која сакате да ја вложите да ја напишете под паровите. Исто така , најдобро е да уплаќате иста сума на пари секој ден , а не таа да варира , посебно не треба да има голема разлика помеѓу сумата што сте ја уплатиле вчера и таа што сте ја уплатиле денес.
Не додавајте парови откако ќе го напишете тикетот
Во овој случај вашиот тикет најверојатно е дека нема да биде добитен . Поради желба за поголема добивка ја загрозувате сигурноста на вашиот тикет за повеќе од 50%. Да се надевате на добивка со лошо разгледан пар е исто како да сте додале уште 5 убаво анализирани натпревари на тикетот.
Бидете обложувач со низок ризик
Не уплаќајте на големи суми кои неможете да си ги дозволите , а во никој случај немојте да се задолжувате за обложување затоа што и најголемите стручњаци грешат.
Никогаш не се потпирајте на коефициентите
Најчесто на некои од пониските странски лиги , клубови за кои прв пат гледате дека постојат не ја сваќајте буквално големината на коефициентите. Постојат букмејкерски стапици на кои многумина од нас обложувачите барем еднаш имаат наседнато. Ако имате информација дека поголема група на луѓе имаат играно на еден тип , тој е највеќе форсиран во денот и без разлика на коефициентот пожелно е да го избегнете.
Лесна добивка со АЗИСКИ ХЕНДИКЕП
Азиски Хендикеп е тип на игра во кои вие типувате на победа на домаќинот или на гостинот (на 1 или на 2) , во случај на нерешен резултат ви се пресметува коефизиент 1.00. Разликата помеѓу ДВОЈНА ШАНСА и А.Х. е што Азискиот Хендикеп ви дава поголем коефициент за победа на домаќин или гостин. Доколку промашите повеќе парови добивката нема да биде голема но ќе ви бидат пресметани добитните коефициенти.
Игра на голови
Ако сакате да стигнете до добивка играјќи ја оваа игра , потребно е да потрошите неколку часа во анализирање на составите на тимовите . повредени играчи , гол разлики , статистики итн. Кога играте на голови најчесто употребувајте го типот: 3+ (над 2.5 голови).
Исплатлива игра: X-1 или X-2
Најпожелно на оваа игра е да се типува на фаворитите , но со одредена сигурност дека противничкиот тим нема да 'падне' во првото полувреме. Коефициентите се движат од 4.5 до 6.00 . Добро е да се изберат 4 такви натпревари и да се игра со минимална уплата со од 30 до 60 МКД.
СЕ НАДЕВАМ ДЕКА ВИ ПОМОГНАВ ПРИ СОСТАВУВАЊЕТО НА ВАШИОТ ТИКЕТ , ВИ ПОСАКУВАМ МНОГУ ДОБИВКИ . ЗА КРАТКО ВРЕМЕ ОЧЕКУВАЈТЕ НОВИ СОВЕТИ. ДОКОЛКУ ВИ СЕ ДОПАДНАА СЛЕДЕТЕ НЕ' НА FACEBOOK :