Букмејкерите сеуште не и веруваат на Малага, а главната причина е што клубот во преодниот рок направи 'распродажба'. Секако дека ако го споредиме моменталниот ростер со оној од минатата сезона има голема разлика во имињата, а од друга страна фактите говорат поинаку.
Шустер од овие неатрактивни имиња направи солиден тим кој игра квалитетен фудбал. Како што минува времето тимот се воигрува и игра се подобро и подобро. Обложувалниците даваат коефициенти кои велат дека шансите се подеднакви (50-50) а во некои за победа на Малага има и нешто поголем коефициент.
Ваљадолид не е воопшто лош тим, но како што стои во насловот на оваа анализа имаат доста проблеми со отсуствата поради повреди, и тоа со доста важни и квалитетни играчи за тимот. Нема да настапат Еберт, Рубио, Перез, Оскар и Ларсон.
Како што напоменав Малага игра добар фудбал, нема проблеми со изостаноците и имаат големи шанси да се вратат дома со 3 бода. Но, поради сигурност го одбравме типот 2 со Азиски Хендикеп (0), што значи дека доколку натпреварот заврши со нерешен резултат, уплатата ќе ни биде вратена.
ТИП: 2 (а.х. 0)
КОЕФ: 1,98
ОБЛОЖУВАЛНИЦА: СПОРТЛАЈФ